
51-годишен тетовец ќе одговара кривично затоа што се заканувал на полицајци кои вршеле службени дејствија.
Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.С.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 02.11.2025 во Гостивар, пријавениот се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија.