Тетовец ја претепал мајка си поради расправија за пари

54-годишна жена од Тетово пријавила во полиција дека по расправија за пари во семејниот дом, била физички нападната од нејзиниот син.

Како што информираат од МВР, ноќеска во 00:10 часот, во Полициската станица Тетово, 54-годишната тетовчанка пријавила дека истиот ден, околу 21:00 часот, нејзиниот син К.В., по претходна расправија за пари, физички ја нападнал и ѝ нанел повреди.

На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на осомничениот и за целосно расчистување на случајот.