
Кривично ќе се гони маж од тетовско кој изнудувал пари од партнерката под закана дека ќе објави експлицитни фотографии.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ч.Б.(35) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Во текот на 2025 година, пријавениот изнудувал пари од неговата 44-годишна партнерка, со закани дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина, известија од МВР.