Тетовчанец одзел повеќе грла добиток поради долг

Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 11.00 часот го лишиле од слобода 41-годишниот И.С. од тетовско Селце-Кеч, кој два часа претходно од штала во тетовската населба Вонвардарска, сопственост на 48-годишниот А.С. од тетовска Мала Речица, поради претходни нерасчистени должничко-доверитeлски односи, противправно одзел повеќе грла добиток.

Одземениот добиток е пронајдeн и вратен му е на сопственикот, а по документирање на случајот на И.С. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.