„Тета Вегета“ од Хрватска, дамата која стои позади најпознатиот зачин на овие простори

Хрватскиот научник, познат по псевдонимот „Тета Вегета“ е родена во месец февруари. Даматa која е по потекло од Сараево е заслужна за најпопуларниот зачин на овие простори, вкусната Вегета. Злата Бартл на крајот на 1950-тите го предводела тимот кој во лабораторијата на Подравка го креирал зачинот Вегета. 

Освен за Вегета, Бартл е заслужна и за супата во кесички која Подравка почнала да ја произведува во 1957 година. За хрватските медиуми таа изјавила дека најголемо задоволство за неа е фактот дека со залагање на комерцијалните, техничките и контролните служби, Вегата за кратко време станала голем производ. Бартл била заљубена во Подравка и во нејзините луѓе, а со тек на годините добила и многу корпоративни награди. 

По долго и тешко боледување починала во Копривница во 2008 година, а во нејзина чест Подравка доделува стипендии кои имаат  цел да ја потикнат научната и креативната работа кај студентите.