Тестовите сè уште не се испечатени: Ќе се полага ли државна матура?

Над 15.000 матуранти се во неизвесност и под притисок за тоа дали ќе се полага државната матура, откако 29 вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) пред една недела почнаа штрајк.

Тие велат дека се стопирани сите процеси што се во надлежност на Центарот, меѓу кои е организацијата на државната матура.

Лука Павичевиќ од Сојузот на средношколци кажа дека ја следат будно ситуацијата затоа што се засегнати сите матуранти и апелира на итно решавање на проблемот.

Министерот за образование и наука, Шаќири испрати апел до ДИЦ и Министерството за финансии за наоѓање решение на предизвикот.

Вработените бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, односно 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците добиваат плата од 26.000 денари.