Тест: Изберете слон на сликата и откријте што е скриено во вашата душа

Дали сакате да погледнете во својата душа? Што се крие во неа – дали сте задоволни, дали ви е потребно нешто ново, дали сте исполнети со среќа?

Овој тест ќе ви помогне да откриете.

Слон 1 – страв/недостаток на свест

Дали сте се соочиле со ситуација кога сите работи одат по планот, но одеднаш нешто доаѓа и го менува целиот план? Најчесто станува збор за финансиите, се чувствувате среќно  и сигурно, но одеднаш трошоците ви создаваат несигурност. Често се прашувате дали е тоа лоша судбина. Но, во прашање е страв. 

Кога нешто оди по планот, вие имате страв дека нешто сепак ќе тргне на лошо и дека ќе се случи нешто негативно. Најчесто, тоа доаѓа како резултат на растењето во семејство кое минувало низ тешкотии, па како последица на тоа имате страв дека постојано ќе се појават препреки кои ќе ви ги помешаат плановите.

Важно е да поработите на сопствената свест и да го промените начинот на размислување. Пробајте да ги смените обрасците на размислување и да престанете со негативните проекции. Негативните мисли не само што ви ја одземаат енергијата, туку и придонесуваат да го привлечете несаканото.

Слон 2 – Самодоверба/идентитет

Дали се чувствувате непријатно ако сте во центарот на вниманието? Дали често си велите дека другите луѓе треба да се на прво место? 

Ако вашиот одговор е ДА, причината за тоа е дека се ставате себеси на последно место и постојано сакате да им помогнете на другите. Поддршката е важна, но никогаш не треба да заборавате на себеси. Се ставате себеси да зависите од мислењето на другите луѓе а тоа често води кон разочарување и привлекување токсични личности кои ја користат вашата енергија и добрина. 

Сосредоточете се на своите интереси, задачи и способности. Насочете ја љубовта кон себеси.

Слон 3 – страв од промени/ослободување

Дали останувате во врска која можеби не ви годи но се плашите што ќе се случи после тоа? Дали работите на работа која не ви носи радост само заради тоа што се плашите од промени?

Во вашата душа веројатно постои страв од самотија или неуспех. Вашата душа се плаши од чувството на напуштање, а тоа е нешто што треба да го искорените. Стравот од промени е лоша навика која ви го уништува животот. Затоа често останувате во ситуации кои не ве исполнуваат. 

Важно е да сфатите од каде поттекнува вашиот страв, но и да ги зацелите раните и да научите да се ослободите од ситуациите и луѓето кои не ви носат радост