ТЕСТ: Изберете ја вашата омилена боја и откријте нешто повеќе за вашиот карактер

Што открива вашата омилена боја за вашиот карактер?

Photo by Steve Johnson on Unsplash

Постојат психолози во областа на арт терапија кои ги користат боите за проценка на карактерот и емоциите на една личност, а нашата омилена боја може да открие многу за нас.

Црна – луѓето кои ја избираат оваа боја се уметници кои се многу пребирливи во животот. Тие се и многу чувствителни, лесно се поврзуваат со другите и често ги кријат своите тајни од другите.

Бела – оние ја избираат оваа чиста боја се организирани и практични. Во нивниот живот владее ред и хармонија и тие се многу смирени личности.

Црвен – луѓето кои ја избираат оваа боја живеат до максимум, тие се упорни и одлучни што и да решат да направат. Често другите ги гледаат како идоли бидејќи за нив не постојат граници во животот.

Сина -  оваа боја симболизира хармонија, а луѓето кои ја избираат тежнеат кон совршен мир. Тие се посветени, чувствителни, но и често мислат на другите. Сакаат чист простор, без хаос и уредност. Тоа за нив е најважно.

Зелена -  луѓето кои ја обожаваат оваа боја се искрени, лојални и љубезни. Тие ја сметаат својата репутација за многу важна и секогаш се трудат да остават добар впечаток пред другите.

Жолта- оние кои ја избираат жолтата боја сакаат да учат нови работи, но и да го споделуваат своето знаење со другите. Лесно доаѓаат до среќа и тие се водени од сонцето. Често имаат позитивно заразна енергија. 

Виолетова – луѓето кои ја сакаат оваа боја се уникатни личности кои ја сакаат уметноста. Тие ги почитуваат другите, но некогаш може да се арогантни, ако некој се труди да навлезе во нивната интимност.

Кафена – вие сте добар и лојален пријател. Посветени сте на градење добри односи со другите, а и не сте многу заинтересирани за материјални работи. Поважна ви е стабилноста и луѓето кои ги имате во својот живот.