
62-годишна жена од Штип била прегазена вчера попладне на една штипска улица.
- На 17.03.2026 во 12:26 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Сремски Фронт“ во Штип, патничко возило „шкода октавија“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(63) од Штип, удрило во пешакот М.С.(62) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Клиничка болница Штип, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.