Тешко повредена малолетничка откако во неа удрил автомобил

Вчера околу 17.40 часот во полициска станица во Скопје била пријавена сообраќајна несреќа каде била тешко повредена малолетничка, откако во неа удрило возило „рено лагуна“. Несреќата се случила во населбата Скопско Поле, а возачот на автомобилот бил 60-годишниот В.К од Скопје.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.