Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Кисела Вода

На  16.12.2021 во 11.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“, возило „дачиа дастер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(42) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Д.С.(60) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.