Тешко повреден велосипедист во центарот на Скопје

На 26.05.2022 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.А. (28) од Скопје и велосипед „каприоло“, управуван од В.М. (64) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.