Тешко повреден велосипедист, бил удрен од возило, сторителот избегал

На 06.04.2021 околу 16.00 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Николај Островски“ и ул.„Моцартова“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипедист Р.З.(36) од Скопје, а потоа возачот со возилото го напуштил местото на незгодата.

Велосипедистот бил пренесен во Клиничка болница „Аџибадем Сиситина“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.