Тешко повреден пешак во Куманово

На 06.12.2021 околу 19.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Страшко Симонов“ во Куманово, патничко возило  „рено меган“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (36) од с.Черкези, кумановско, удрило во пешакот Ш.О.(41) од Куманово.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа на СВР Куманово извршила увид.