Тешко повреден пешак во Кисела Вода

Вчера во 19:10 часот било пријавено дека на улицата „Христо Татарчев“ патничко  возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(52) удрило во пешакот С.А.(56), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.