Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во Скопје. 

На 22.09.2022 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Народни херои“ во Скопје се  случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.О.(44) од с.Брест, општина Македонски Брод и мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(40) од Скопје, соопшти полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.