„Тешко е на ракија низ Скопје“ - За чоканче може да ви наплатат и 450 денари

Иако граѓаните се свесни дека цените на сѐ постојано растат, се чини дека сепак некои „сметки“ од купеното шокираат. Деновиве гласни реакции и за цените низ кафеаните и рестораните, конкретно за ракијата. 

Пијалакот кој традиционално се пие пред ручек или со мезе кај нас, дефинитивно, во некои локали станува луксуз. 

- Што се случи со цените во кафаните. Во кафуле покрај кеј една чашка ракија ми ја наплатија 180 денари, во кафеана во Хиподром ракија „LR“ од 200 милилитри ја платив 450 денари. Се прашувам дали се нормални цените во Македонија, реагира скопјанец во една фејсбук група каде сподели и фотографија од фискалната сметка. 

Според Државниот завод за статистика цените на угостителските услуги во јули се зголемени за пет проценти во споредба со истиот месец минатата година. 

Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти кај ноќевањата.  

Твитерџиите пак со реакции за цените во Швајцарија за храна во ресторан.