Тешка сообраќајка во скопско Ченто - тинејџер итно пренесен во Ургентно

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера во скопско Ченто.

Според информациите на МВР, вчера околу 21.40 часот во Скопје на ул. „Палмиро Тољати“  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со српски национални ознаки, управувано од Б.Б. (51) од Скопје и мотоцикл “ХОНДА“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Скопје. Во незгодата со Тешки телесни повреди се здобил малолетникот.

Увид на место на настанот извршила екипа од СВР Скопје.