Тешка сообраќајка во Скопје: Воз удри во возило кај Волково

Во тешка сообраќајна несреќа во близината на Волково повреден е 80-годишен жител на Скопје.

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на железничкиот премин помеѓу населбите Ново Село и Волково во близината на Скопје. Во несреќата воз удри во автомобил марка Форд Фиеста.

Според очевидци, рампите биле спуштен во моментот кога се случила оваа несреќа, но возачот на фордот се обидел на помине преку железничкиот премин.

Според информациите до кои дојде Скопје Инфо возачот на локомотивата и покрај тоа што се обидел не успеал да го закочи возот и да го избегне сударот.

Во несреќата поврден е 80-годишен жител на Скопје кои поминал со полесни повреди.