Teшка сообраќајка во Скопје, уништено возило на Брза Помош, неколкумина повредени

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на Булеварот „Партизански одреди“, при што возило на Брза Помош од приватната болница „Неуромедика“, кое превезувало пациент, се судрило со друго возило „мерцедес“. 

Според првичните информации повреден е еден пешак, возачот на „мерцедесот“,  две медицински лица  како и пациентот кој бил во болничкото возило. 

Веб порталот Точка објави видео и фотографија од настанот.