Тешка сообраќајка во Скопје: Се судриле камион и автомобил, едно лице заврши во болница

Вчерa во 11,30 часот на крстосницата од улица “Ангел Динев” и улица “Есперанто” во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило “Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Скопје и патничко моторно возило “Сеат Ибица” исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(71) од Скопје.

По незгодата со друго возило Ј.М. бил пренесен во Градска општа болница “Свети Наум Охридски”, каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.