Тешка сообраќајка во кумановско: Украинец со мотоцикл излетал од пат

51-годишен Украинец е тешко повреден, откако со мотоцикл излетал од пат.

-На 04.06.2022 во 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово, атар на с.Кшање, кумановско, О.О.(51) од Украина, со привремен престој во Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.