Тешка сообраќајка во Долно Свиларе: Возило излетало од пат и удрило во бетонски столб - повреден возачот и двајца малолетници

Вчера во 08:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Долно Свиларе, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(20) излетало од патот и удрило во бетонски столб.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник, сите од Долно Свиларе, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.