Тешка сообраќајка синоќа во центарот на Скопје, се судрија „мерцедес“ и комбе

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во центарот на Скопје, кога се судрија меѓу и автомобил „мерцедес“, на крстосницата меѓу булеварот „Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје, кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“.

Според очевидци на несреќата автомобилот е уништен, а неколку лица биле пренесени во болница. 

Полицијата изврши увид, а детали се очекуваат во текот на денот.