Тешка сообраќајка пред Собрание

Голема сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила на раскрсницата пред Собранието го отежнува сообраќајот во центарот на градот, пренесува Сител. 

Се работи за незгода која се случила на булеварот 11 октомври помеѓу зградата на парламентот и градската болница Климент Охридски. 

Нема информации за повредени но од местото на настанот се гледа дека се уништени двата семафора на оваа раскрсница.

Во моментов полицијата врши увид, повеќе информации во текот на денот.