Тешка сообраќајка на „Рузвелтова“ ноќеска, превртено полициско возило

Ноќеска на крстосницата на Рузвелтова со Орце Николов, се случила тешка сообраќајна незгода, во која учествувале полициско возило и такси, пренесува ТВ21.

Полициското возило веднаш по незгодата се превртело, додека кај такси возилото е предизвикана материјална штета.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.