
Четири лица од Дебар се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа на патот Тетово–Гостивар. Едно од повредените лица се здобило со тешки телесни повреди, поради што било пренесено на лекување во Скопје.
„На 06.10.2026 во 22:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово–Гостивар, патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.М.(28) од Дебар, излетало од коловозот“, соопшти МВР.
Во незгодата, сопатникот А.Ф. (18) се здобил со телесни повреди, кои му биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.
Поради тежината на повредите, возачот А.М. и сопатниците Е.Б. (18) и А.М. (19), сите од Дебар, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
„По дополнителните испитувања, кај Е.Б. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај А.М. биле утврдени телесни повреди“, информираат од МВР.
Увид на местото на сообраќајната незгода извршила екипа од ОВР Гостивар.