Тешка сообраќајка на Партизанска, блокиран дел од булеварот

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на раскрницата помеѓу булеварите 8-ми септември и Партизански одреди. Во неа учествуваа три автомобили, два со македонски и еден со грчки регистарски таблички.

Сообраќајот во овој дел од булеварот се одвива отежнато по една коловозна лента, а повремено се забележува и подолг застој и чекање.

Во сообраќајката има повредени, а според информации на очевидци интервенирала и итната медицинска помош.

Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата, а засега нема официјални иформации од Министерството за внатрешни работи.