Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на автопатот Скопје – Куманово, објави Алсат.
Во несреќата, според телевизијата, се повредени тројца луѓе, кои се пренесени во болница и се наоѓаат надвор од животна опасност.
Полицијата е веќе на местото и се истражуваат причините за несреќата, пишува Алсат, повикувајќи се на очевидци.
Сообраќајката предизвикала застој во сообраќајот и колони возила на автопатот.
Фото: Алсат