Тепачка во ходник во зграда во скопски Аеродром: Се пресметале двајца мажи

Повторно тепачка во ходник во една скопска зграда. Две лица физички се пресметале откако претходно се расправале. 

- На 11.05.2026 во 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ц.(50) и Д.Т.(44), двајцата од Скопје, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.