Тепачка меѓу двајца мажи на Бит Пазар

Завчера се степале две лица на Бит Пазар при што се користеле и тврди предмети.

- На 30.01.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.С.(56) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од Ѓ.Ј.(37) од Скопје, кој употребил и тврди предмети, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.