Тепачка меѓу двајца браќа и нивната мајка во Шуто Оризари

Физичка пресметка меѓу двајца браќа и нивната мајка се случила во семеен дом на подрачјето на Шуто Оризари.

- На 27.09.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка помеѓу двајца браќа на возраст од 26 и 20 години и нивната 46-годишна мајка, сите од Скопје, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.