
Во текот на оваа седмица територијата на Македонија и на целиот регион ќе биде под влијание на Антициклон (поле со висок воздушен притисок) од југ и токму ова ќе услови да имаме претежно суво време со повеќе сонце и со повремено и локално зголемување на облачноста. Температурите ќе бидат над просекот за почеток на месец март и тие ќе бидат пролетни и особено во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до 20 степени, прогнозира познатиот метеолог Славчо Попоски.
Во Скопје и околината температурата исто така ќе се искачи до околу или ќе надминува 15 степени.
Повисоки температури ќе имаме и во ноќните и во утринските часови, но секако и покрај ова, тие и понатаму во дел од Македонија и тоа особено на повисоките и на планинските места ќе се спуштаат за некој степен под нулата и ќе има појава на слаб утрински мраз, се наведува во метео алармот.
Од УХРМ, пак, најавуваат дека во четврток ќе има услови за слаб локален дожд.
- Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието, информираат од УХМР.