Телешка чорба како од кафеана

Проверен рецепт по кој ќе направите чорба како што се јаде во скопските кафеани.

Потребни состојки:

600 гр телешко месо
3 моркови
2 компира
Еден пашканат 
Еден кромид
2 жолчки
Неколку лажици павлака
Малку магдонос
Сув зачин и бибер по вкус.

Постапка:

Телешкото месо се вари околу 1 час заедно со: 3 моркови, 2 компира, 1 пашканат и 1 главица кромид.

Потоа сварениот морков, компирот, пашканатот и кромидот се блендираат во сад со малку вода.

Добиената смеса се враќа во тенџерето во кое се вареше месото и зеленчукот.

Се додава уште малку вода и се остава да крчка.

Месото се сечка и се додава во тенџерето.

Се додава малку свеж магдонос и се зачинува со сув зачин и бибер по вкус.

Сите состојки дополнително се варат околу 10 минути.

При крај се додаваат 2 жолчки измешани со неколку лажици павлака и малку течност од чорбата.