Телеком и А1 ги објавија празничните реклами, емоциите и семејството во прв план

На нешто повеќе од еден месец до крајот на оваа година и почетокот на новата година, телеком операторите ги објавија новогодишните реклами.

Во нив преовледува семејна и празнична атмосфера.  Оваа година беше лоша и следната треба да ја направиме подобра, ова е главната порака која тие ја праќаат преку комерцијалните видеа кои веќе одат на телевизиите и дигиталните медими. 

Рекламата на А1 до сега е погледната повеќе од 15 илјади пати на youtube.

Оваа година многу нешта се поинакви, но има моменти кои можеме да ги направиме посебни и вистински да ги почувствуваме празниците, велат од А1 Македонија. Компанијата повеќе се задржува на комерцијалниот момент, преку комбо пакетите кои се дел од новогодишната понуда. 

Во рекламата на Телеком преовладува општествениот момент преку фокусот на љубовта, емоциите помагањето и победите .

И покрај сите откажани фестивали, свадби и родендени се уште имаме време да те направиме да бидеш малку подобра. Затоа ќе те преплавиме со емоции.  Ајде да дадеме подобар крај на 2020 година, велат од Телеком и тоа преку двојно повеќе интернет со Магента 1 М.