Театарскиот репертоар и сценските игри стартуваат по Божиќните празници

Новата година помина, но театрите во градот одлучија да здивнат и да ги спојат новогодишните и божиќните празници.

Театарскиот репертоар и сценските игри продолжуваат веќе од наредната недела, а оттаму известуваат дека на 9 јануари, билетарниците ќе бидат отворени за сите вљубеници во театарската уметност.

Што се однесува пак до изведбите, во Македонскиот народен театар првата претстава во новата година е веднаш првиот ден по божиќните празници.

“Кец на десетка” е на репертоарот веќе на 9 јануари во 20 часот, по што следат “Не се клади на Енглези” и “Живото на Молиер” на 10 и 11 јануари.

Мјузиклот “Мама миа”, кој предизвика голем интерес кај љубителите на театарската уметност, е на репертоарот на 12 и 13 јануари…

Во Драмски пак, репертоарот стартува на 17 јануари со претставата “Лет над кукавичјото гнездо#, а до крајот на месецот ќе бидат изведени и “Секс, дрога и рок-ен-рол” (24 јануари), “Атена со пенис” (25 јануари)…

Театар Комедија со претстави стартува на 25 јануари и тоа со “Жена ми се вика Борис# која последна имаше своја премиера на 26 јануари е “Бракот е брак”, а на 27 јануари е “Вардарски пастуви”…

Најмладите исто така ќе почекаат на своите омилени претстави, но веќе на 11 јануари на репертоарот е куклената изведба “Лакомата меца”, по што следуваат “Снежната кралица” (12 јануари), Оливер Твист (13 јануари)…

Месецот е долг, но и покрај ладното време и зимските распусти интерес за претстави не стивнува.