Театар, кино, концерти закажани настани во Скопје неделава!

Понеделник 03.07.2017

Летен Клуб Хавана

23.55/Havana Mondays | Bionda Live Performance

“Bionda band” настапуваат со нивниот богат репертоар исполнет со безвременски македонски и странски рок хитови.

Бидете дел од летната приказна на Хавана и уживајте во музиката со ладна пијачка.

Пијачки 50% попуст

Влез: Слободен

Вторник 4.7.2017

Летен клуб Хавана

23.59/Шизи во вторник со SureShotz

Ново Sure Shotz шизење во летниот клуб Havana. Dj Shorty P и Dj Irie Scratch се овој пат позади грамофоните, пијачките стандардно на 50%, а влезот бесплатен.

Среда 5.7.2017

 Public Room

18.00/Polar Talks – Angular vs React

Ќе се случи првиот од низата настани под името Polar Talks.
Како за прва тема изборот падна на една актуелна полемика: Angular vs React.
Настанот е замислен како интерактивна дебата на темата и се очекува од публиката да допринесе во поддршката на едната или другата страна. За поголем поттик, првите 10 учесници кои ќе се вклучат ќе добијат Polar поклон.
По крајот на дискусијата ќе бидат посужени Polar-но ладни пијалоци и закуски за да продложи дружбата во порелаксирана атмосфера!

МКЦ

20.00/Promovim Dëgjimor / Слушачка Промоција

Дами и Господа,
После 2 години работа во студио, четвртиот албум на бендот Blla Blla Blla, насловен “Brum per Medioferr” излезе на виделина.

Четврток 6.7.2017

МНТ

20.00/Маме Му Ебам Кој Прв Почна или Голема Брзина На Стоење

Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје

Дипломска претстава на студентите по актерска игра во класата на вон. професор Дејан Пројковски и асистент Андреј Цветановски

Маме му ебам кој прв почна (Голема брзина на стоење) – Дејан Дуковски

Петок 7.7.2017

Public Room

20.00/BBQ Party #6

И оваа петочна вечер опуштена собиранка на тераса.

Скарата е надвор, фрижидерите се полни со ладни пијачки и коктели за 100че!

Донесете си месо по избор, шефовите на Public Room ќе ви го зачинат и подготват на грил со многу љубов, и секако бесплатно.

Сабота 8.7.2017

О.У. Кочо Рацин

20.00/Осветли го Скопје

Овој Настан е со јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст.

Патеката по која ќе се пешачи е долга прилично 5 км и се пешачи околу 1:30 до 2:00 часа.

Стартно и собирно место- пред „О.У. Кочо Рацин”. во 19:45 часот. На истото место ќе се враќа околу 12:00 часот по полноќ.
-Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од средно Водно, нека бидат Кај фонтаната во 20:15 часот.

Ќе има една официјална пауза:
– На Средно Водно (5 до 10 минути)

Задолжителна опрема:
– Соодветни чевли за пешачење
– фенерче*
– Топла облека
– резервна маица
– 1 литар вода
– овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај

Public Room

21.00 Saturday

Летна вечер посветена на најдоброто од филмска музика!
Уживање под отворено небо во настапот на Ерна Шукри- виолина, Билјана Весковска- виолина, Зоран Павловски- контрабас, Марта Маркоска- перкусии.

new nike air max 2019