
Миленичката на бројната македонска публика Теа Таировиќ повторно со концерт во Скопје. Имено, билетите веќе се пуштени во продажба, а датумот е 15.ноември во арената „Борис Трајковски“.
Организаторите најавија дека ова ќе биде спектакуларен концерт со врвна продукција, импресивна сценографија, танчери, специјално осмислени кореографии, костими и светлосни ефекти кои ќе ја претворат арената во вистинска концертна магија.
Билетите за концетот на српската и балканска мега ѕвезда се продаваат по цена од 700 денари.
Минатата година, токму во ноември, Теа ја наполни скопската арена до последно место, концерт кој беше распродаден до последна карта и кој остави силен белег кај публиката. Овој пат интересот е уште поголем, а очекувањата уште повисоки, наведуваат организаторите.