Те посакав...

Те посакав после многу долго време.
Посакав да исчезнат сите тие луѓе.
И повторно да бидеш тука.
И повторно да бидеме сами на светот.
Посакав сѐ да сопре.
И годините.
И реките.
И возовите.
Сѐ што те разделува од мене.
И да паднат
Инаетите
Улиците
И градовите.
Сѐ што предолго нѐ раздвојува.
Посакав
Да не морам да бидам силна,
Туку само среќна
И во твоите раце
да има сила за двајцата.
Посакав
да ме гледа некој само мој,
а тоа отсекогаш си бил ти.

~ Милена Николиќ