Те нема, а толку си присутен...

Ми недостасуваш. Многу. 

Нема ден, а да не помислам на тебе. Не можам да престанам да мислам на тоа дека во некој друг свет ќе останевме заедно. Свет во кој болката и тагата не постојат. Но, животот имаше други планови за нас.

Ние не бевме драматични. Немаше изневерувања, немаше вриштења и навреди. Имаше љубов, ама ни се случи живот. 

Можеби и јас повеќе си го замислувам ова, можеби ти никогаш не ме сакаше нешто посебно, можеби само ти бев погодна во тој момент. Но, ти ми беше целиот свет. 

И знам дека никогаш повторно нема да бидеме заедно. Знам дека не сме еден за друг. Ама има ноќи, како оваа – кога ме боли. Кога сакам да си тука и да ме гушнеш или да ми кажеш нешто на кое само јас и ти се смеевме. 

Те нема, а толку си присутен. Поприсутен од кога било. 

Кога бевме заедно не беше толку присутен. 

Велат дека времето ги лечи сите рани. Глупости. Најизлитената и најнеточната реченица на светов. Моите рани сѐ уште се свежи и моето срце е сѐ уште скршено. Има денови кога малку подзаборавам, кога обврските се наталожуваат, па немам време да мислам на тебе, но во моментот кога ќе се ослободам, твоето лице е пред моите очи. 

Ми недостасуваш. Толку. Ни повеќе, ни помалку.

А којзнае, можеби никогаш нема ни да те видам...