Те молам имај трпение со мене

Јас немам секогаш чувство дека сум посебна. Но, вчера ти ми кажа дека сум. Ми рече дека не ти се верува дека не се чувствувам така. Ти замолче и очите ти се натажија. Ми рече дека сакаш да ми го дадеш светот. Ми рече дека работата ти е стресна и дека сакаш да имаме добра иднина. Ме погледна и јас замислив како секој ден се будиме заедно. 

Тие денови се чувствував како да имам бура во срцето, работите околу мене беа темни и така се чувствував, но тогаш ти го изговори моето име и одеднаш почувствував мир во срцето. Веднаш се смирив. Претпоставувам дека тоа е затоа што во твоите очи го гледам мојот дом. Ниту еден лош момент не може да го избрише тоа чувство. 

Би сакала да можев да ги ставам моите чувства за тебе во кутија. Би сакала да можев да ти покажам колку ме плаши сето ова. Прилично сум сигурна дека ова е тоа кога велат: „Кога ќе се појави, ќе знаеш.“ Но, иако често си толку близу, понекогаш си толку далеку од досег. Не знам дали е тоа заради мојот страв дека ќе те изгубам. Ако е, извини. Знам дека сум невозможна за сакање. Знам дека успевам и среќните моменти да ги пребојам со нијанса на тага. Знам дека е лудо тоа што не знам како да бидам среќна. Но, работам на тоа. Работам на тоа да имам верба во нас. 

Ова е само страв. Страв дека ова е уште една врска која нема да успее. Јас не сум нешто посебна. И не знам како да најдам баланс меѓу тоа да имам надеж и да се подготвам на најлошото. Не сум таква личност. Знам дека имаш разбирање за мене, бидејќи си прекрасен и знам дека се трудиш да разбереш, иако знам дека тоа ќе биде многу тешко, бидејќи сум чудна. 

Затоа, те молам само да имаш трпение со мене. Биди трпелив додека работам да ја избришам вчерашната болка за да направам место за денешната среќа и иднината полна со љубов. Со тебе, секако.