Те избирам тебе, и по стоти животи би те избрала повторно

Те избрав тебе, во еден дел од секундата. Но, те избрав засекогаш. Во овој живот или во било кој друг, јас повторно би го направила истиот избор. 

Времето досега ми покажа дека тоа е вистинскиот избор, секој ден. Сретнав многу луѓе, но ниту еден не ми го донесе чувството на љубов и сигурност кои ти ми ги даваш. 

Не постои вистинско време за љубов, но вистина е и дека љубовта секогаш доаѓа на време, тогаш кога е потребна. Дотогаш, бараме и трагаме, но на крајот ја наоѓаме таа личност. Наша личност.

Јас те избирам тебе бидејќи ми го одземаш здивот, но и ме учиш како да дишам и како да живеам. 

Те избрав уште пред да те засакам, а потоа решив да се те сакам. Секој ден до крајот на мојот живот. Се лутиме, се расправаме, се сакаме. Но тука сме секогаш еден за друг. Колку луѓе и да сретнам во мојот живот, јас секогаш ќе те избирам тебе. 

Те избирам не само поради начинот на којшто ме сакаш, туку и што ме инспирираш да бидам онаква каква што сум. Да не ставам маска пред другите луѓе, да сакам со целото свое срце и да го сакам животот. Те сакам и те избирам бидејќи ме учиш како да сакам безусловно. Никогаш досега не го знаев тоа.

Ако го добиваме тоа што го заслужуваме, јас сум пресреќна што те имам тебе.