Татко од Скопје се соблекувал пред малолетните деца, мајката пријавила недолично однесување

Татко од Скопје се соблекол пред двете малолетни деца и се однесувал недолично. Случајот во полиција го пријавила мајката на децата и негова поранешна сопруга. 

- На 01.06.2023 околу 13.00 часот во Полициска станица Чаир, 42-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг, пред околу три месеци, недолично се однесувал и се соблекол пред нивните две малолетни деца, додека биле на викенд посета кај него во скопската населба Аеродром, соопшти МВР. 

За случајот е известен Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.