Тасевски за Латас: Ти брате се фалиш со нешто од кое треба да се срамиш

Голема бура предизвика интервјуто на Драган Павловиќ-Латас со јутјуберот Стефан Лазаров, по што и Основното јавно обвинителство - Скопје отвори предмет.

Латас во интервјуто раскажува како на 15-годишна возраст заедно со неколку другари злоставува девојка.

Со свој коментар се јави и актерот Сашо Тасевски.

- Латас бе, ти барам требаше да знаеш дека некои работи што си ги сторил во животот, не се кажуваат. Секој човек има такви. Направил нешто од што се срами и ќути за тоа. Ти брате се фалиш со нешто од кое треба да се срамиш. Тоа не е нормално само по себе. Зборува многу за тебе, пишува Тасевски.

Целиот коментар прочитајте го во продолжение.