Тарт со богат чоколаден фил

Вкусен чоколаден тарт е секогаш идеална опција за десерт.

Тесто:

250 гр брашно
80 гр шеќер
Една ванила
130 гр путер
Едно јајце
30 мл млеко

Фил:

150 гр темно чоколадо
100 гр млечно чоколадо
250 мл слатка павлака
Путер

Подготовка:

Направете тесто од сите состојки, формирајте топка и ставете го во фрижидер 30 минути. Потоа ставете го во намастен калап за тарт. 

Од тестото рассукајте голема кора и ставете во калапот. Избодете со вилушка и нека се пече 20 минути на 180 степени. 

За тоа време, стопете го чоколадото во слатката павлака. Најдобро е да ги загревате на тивко. Додајте малку путер. Не оставајте да зоврие. Измешајте добро и ставете во тестото за тарт. 

Готовиот тарт оставете го да се излади.