Тарт од лимон

Ако сакате освежувачки десерт, има вкусни лимони ви продавниците. А и за овој тарт се потребни само неколку состојки:

130 гр бело брашно
110 гр несолен путер
4 лажици шеќер во прав

Една четвртина чаша слатка павлака за готвење
Една четвртина од чаша бел шеќер
Едно големо јајце
Сок од еден голем лимон

Подготовка:

Во подлабок сад, измешајте ги брашното, стопениот путер и шеќерот во прав додека не добиете меко тесто.
Притиснете го тестото на дното од калапот за печење и обложете ги и страничните делови. Тестото прободете го неколкупати со вилушка.

Печете околу 20 минути на 190°C. Потоа извадете ја кората и оставете ја да се излади. Намалете ја температурата на рерната 150°C.

Во друг сад, изматете го шеќерот, јајцето, слатката павлака и сокот од лимон. Внимателно истурете го врз изладеното тесто.
Вратете го тестото со филот во рерната и печете уште 35-40 минути или додека целосно не се стегне филот.

Оставете тартот целосно да се излади пред да го извадите од плехот. Посипете со шеќер во прав и рендана кора од лимон и послужете.