Таравари: Формирана е комисија која треба да утврди дали родилката од Куманово почина од лекарска грешка или не

Формирана е комисија која треба да утврди дали имало пропусти во случајот со починатата родилка во Куманово, а првичните информации ќе може да се очекуваат утре, најави министерот за здравство Арбен Таравари.

Не би сакал да шпекулирам, да почекаме уште неколку дена и ќе видиме дали имало лекарска грешка или не, изјави Таравари.

Тој посочи и дека утре има прес – конференција 100 дена Влада и сигурно ќе имаме и првични информации.

„Комисијата работи, нас ни требаат осум дена. Чекаме и резултати од обдукцијата и ќе видиме. Не би сакал да шпекулирам, да почекаме уште неколку дена и ќе видиме дали имало лекарска грешка или не“, рече Таравари.