Таму горе...

Ден на жалост во соседна Србија поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад. 

...Зборови Марко Виденовиќ...

Врз облаци зачекори,

на меко и чисто да газиш,

тука долу тиња е,

загнасено и матно.

Таму горе,

до сонцето поблиску ќе бидеш,

ќе те гали и грее,

и патот светол секогаш ќе ти биде.

А кога сонцето ќе зајде,

не грижи се,

месечината ќе те чува,

ќе те гушка и гали,

како мајка што најнежно

на чедо свое тоа го прави.

И верувам,

таму горе над облаците,

кај сонцето и месечината,

помеѓу ѕвездите,

таму каде и ти сега си ѕвезда сјајна,

таму е поубаво и почисто,

безгрижно и бајковито,

оти злото не знае да лета,

а и да знае, од Бога се плаши

и горе не би отишло,

тоа тука на дното се гуши,

и нам долу,

сонот ни го руши.

Таму горе!