Тамара Тодеска, Тони Зен, Викторија Лоба и DJ Boogieman со музички настапи во Скопје!

 

На 2 јули, во сабота, Скопје ќе пее на цел глас. Тамара Тодеска, Викторија Лоба, Тони Зен и DJ Boogieman ќе ни ги распеат душите како дел од програмата на Crazy Summer Festival!

Настапите на нашите музички легенди ќе се одржат во Градскиот Парк во Скопје кај Школка. Настанот ќе започне во 17:00 часот, а ќе трае до 22:00 часот. Музичкиот спектакал е отворен за публиката и не е потребно никакво предвремено резервирање на своето присуство. 

Организаторите на настанот ја повикуваат публиката да ги сподели своите фотографии од настанот на социјалните мрежи, користејќи го хаштагот #CLchallenge. Тие најавуваат дека следуваат неверојатни награди за најдобрите објави!