„Таксито и понатаму ќе вози по стара цена“ - велат од Групацијата на такси превозници

На социјалните мрежи и во медиумите деновиве се прошири информација за можно поскапување на такси превозот во главниот град. Дел од таксистите бараат повисоки цени, но од Групацијата на такси превозници информираат дека досега немаат поднесено такво барање до градот. 

Таксистите немаат поднесено барање до Советот на Град Скопје за повисоки цени, бидејќи во моментов нема основ за тоа. Тарифите се регулирани пред две години, кога воведовме три различни тарифни ставки на таксиметрите. Сите возачи сега возат по втората тарифа. Ако некоја компанија сака да премине на третата, највисока тарифа, може тоа да го стори со промена на ценовникот во возилото, вели Рајчановски за „Слободен печат“ и додава дека информацијата која циркулира во некои медиуми веројатно е пуштена од див таксист кој не знае како се работи со фискален таксиметар.

Тој во изјавата тврди дека информацијата која се шири по медиумите за барањето за повисока цена е неточна или некој сака да направи забуна кај граѓаните.